Брандл критичен од радио пораките од Тото кон Маси

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор за британски Скај, Мартин Брадл, го обвини шефот на Мерцедес, Тото Волф, за негоите радио пораки до директорот на трка за време на финалето од минатата сезона.

Во пресрет на контроверзниот рестарт зад безбедносото возило во Абу Даби, Тото директно се обрати преку радио до контролата на трката, а неговата порака во живо беше пренесена. Тој ја критикуваше одлуката на Маси да бидат пропуштени болидите кои се наоѓаа помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен, а не беа во исти круг со водечките двајца.

радио повиците од тимските шефови до контролата на трка мора да престанат, јас целосно го поддржувам тоа.

за време на првото безбедносно возило кога алфа ромео болидот на џовинаци застана многу блиску до еден сервисен пат, тото се јави до маси и побара да не биде вадено безбедносното возило, сакајќи да влијае над безбедноста на трката, директно. тоа е нерифатливо, тото не смее да го прави тоа.

она што се случуваше во деновите кога чарли вајтинг и неговиот помошиник херби блаш, тие не беа контактирани преку радиото, зафатени се во секој дел од трката за да разговараат со било кого. чарли беше зафатен и ги решаваше проблеите на патеката работејќи да види што се случило – посочи брандл.

Разговорите помеѓу екипите и Контролата на трка беа воведени во телевизиските преноси за прв пат минатата година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ