Брандл најави дека Силверстон може да биде отварање на сезоната

Поранешниот возач, а сегашен стручен коментатор во Формула 1, Мартин Брандл се надева дека Силверстон ќе биде првата трка оваа сезона.

Мислам дека првиот дел од сезоната ќе биде во Европа – најави британецот.

Тој дошол до таков заклучок бидејќи е подорбо тимовите да патуваат по пат отколку со авиони.

Седум тимови се од Англија и мислам дека тоа е наједноставно и најлогично.

Иако сеуште нема трки, судбината на секој Формула 1 тим и спортот е во опасност. Приходите на Либерти Медиа ќе запрат и нема да има пари од спонзорства. Флавио Бриаторе тврди дека и спонзорите нема да ги платат своите пари.

Бидејќи нема трки, спонзорите нема да платат бидејќи плаќаат за 20, а не за 12 трки. повеќето пари се дадени на ФОМ и тоа е катастрофа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ