Брандл: На Леклер му е преку глава од ситуацијата во Ферари

Мартин Брaндл смета дека Шарл Леклер се бори да се справи со несреќата што ја претрпе во Ферари на последните пет трки.

По брилијантниот почеток на сезоната победувајќи на две од првите три Гранд При трки и завршувајќи втор во селдната, за Леклер неделните трки не поминуваат како што тој посакува. Тој беше принуден да се откаже додека водеше во Шпанија и Азербејџан поради дефекти со моторот, додека во Монако и Британија неуспешните стратегии од тимот значеа дека потенцијалните победи се претворија во четврто место.

Како резултат на тоа, од одржувањето на здравото водство во светскиот шампионат по неговиот триумф на Големата Награда на Австралија, Леклер сега заостанува 43 поени зад Макс Верстапен, главниот корисник на неговите потешкотии.

Очигледно, проблемите му влијаат на 24-годишниот возач, за што сведочат некои интензивни тимски радио пораки и разговорот по Британското Гранд При со шефот на тимот Матиа Биното, кој беше виден како мавта со прстот кон возачот од Монако.

Дуото последователно ги расчисти проблемите кога Биното отпатува во домот на Леклер во Монако пред подготовките за Големата Награда на Австрија.

Сепак, Брандл, говорејќи на Скај, верува дека има очигледни знаци на зголемена фрустрација кај Леклер, бидејќи тој има изгубено толку многу шанси. Зборувајќи како одговор на снимката на Биното како мавта со прстот кон Леклер, Брундл рече:

Сите живееме, сите ние сме луѓе и тоа не е приказна за Формула 1, нели? Сите знаеме што значи мафтањето со прст.

Мислам дека Шарл можеше да биде напред денес, удобно да води во светското првенство. Ферари ја зезнаа стратегијата, ја збркаа сигурноста, тој беше на пол-позицијата шест пати, тој е неверојатно брз.

Никогаш нема да знам како тој возеше толку брзо во Силверстон со оштетено предно крило, а тој заостанува премногу во светското првенство, дури не е ни втор во моментов.

Значи, тие треба да се справат со својата суперѕвезда затоа што мислам дека му е преку глава од тоа работите како се одвиваат.

Во врска со неговиот состанок во Монако со Биното, Леклер наводно искоментирал:

Тој најпрвин беше доста лут на мене по Силверстон бидејќи ме виде крајно разочаран, што очигледно го разбираше, но тој само сакаше да се увери дека сум добро.

Потоа, во Монако, нешто што обично го правиме, тој дојде во Монако бидејќи последните пет трки беа доста тешки за мене, а јас само сакав да останам дома и да се исклучам малку од се, за да бидам целосно 100 проценти подготвен за овој викенд.

Тој само дојде во Монако да зборува за последните пет трки и да се увери дека се е во ред од моја страна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ