Брандл очекува борба помеѓу возачите на Ферари

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатот на Скај, Мартин Брандл, изјави дека очекува жестока борба помеѓу возачите на Ферари чиј болид се покажа како доста конкурентен на тестот. 

Скудерија ги има можеби најсилните возачи на гридот откако ги обврзаа Саинз и Леклер со долги договори. По покажаното на тестот во Бахреин, се верува дека Ферари може да биде тимот кој ќе се бори за предниот ред на првата трка во Бахреин. 

Доколку имаат шанса за победи, во Ферари ќе биде жестока борба помеѓу Леклер и младиот Карлито кои се идентични. Ги видовме минатата година колку се жедни за победа и колку се почитуваат пред нивниот работодавач, но сакаат да се борат за победи – посочи брандл.

Ферари беа доста силни во Барселона, но се чини дека болидот бил потежок за возење во Бахреин. 

Во Бахреин беше потешко од Барселона. Дали поради топлината на асфалтот и тоа што имаа помалку грип, Но сепак тоа е нормално. Болидот во свиоците е целосно различен, но тие направија напредок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ