Брандл очекува победа од Саинз

Мартин Брандл верува дека Карлос Саинз има уште еден чекор до победа за Ферари и потоа ќе стане многу посилен и ќе напаѓа за насловот.

Силната форма на Скудерија на почетокот од сезоната му донесе две победи на првите три трки на Шарл Леклер, а тоа беше дел од сезоната кога шпанецот Саинз имаше лоша среќа. 27-годишникот има 11 подиуми во својата Формула 1 кариера и се ближи до неславниот рекорд на Ник Хаидфелд со 13 подиуми брз Гранд При победа.

Во Канада шпанецот ништо не погреши, беше пеколно брз, но го имаше одличниот Макс Версртапен пред себе и не нејаде начин да го мине, а за Брандл, победата на Карлос се ближи, а тоа ќе му отвори многу врати.

актуелниот шампион извозе феноменално и сега има удобно водство во шампионатот, но карлос саинз од ферари притискаше силно последните 15 кругови. карлос е како ландо норис и џорџ расел, подготвен е за својата прва гранд при победа, но тие победи некако константно го избегнуваат.

секогаш сум го поддржувал и мислам дека не сум сам во тоа, одличен е во текот на трките. последната пречка за него ќе го комбинира неговиот талент, решителноста, агресивноста и искуството во одлична прецизност и константност.

штом победи за прв пат во кариерата ќе стане многу посилен, само ќе напредува и ќе оди напред, а одлично беше да се види како тој се бори со макс толку долго – напиша брандл во својата традиционална колумна по трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ