Брандл: Расел нема да се изгуби во Мерцедес

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен коментатор и аналитичар за британски Скај, Мартин Брандл, верува дека Џорџ Расел треба да биде претпазлив да не се загуби кога ќе се приклучи на Мерцедес наредната година. 

Расел ќе го напушти Вилијамс на крајот на сезоната по поминати три години во тимот. Тој доаѓа како замена на Валтери Ботас кој пет години беше дел од Мерцедес, а ќе продолжи во Алфа Ромео.

Младиот британец возеше за Мерцедес на една трка во Бахреин минатата сезона како замена за Хамилтон кој беше позитивен на Ковид-19. Поранешниот Ф1 возач има совет за Расел. 

ТОј мора да е сигурен. Не знам кој млад возач може да биде толку силен на Имола во својата втора година пред да биде исфрлен од Мерцедес во тежок инцидент и подоцна, откако ќе биде обвинет дека е виновен да биде однесен дома со авион со Тото.

Тој мора да е сигурен возач. Мислам дека треба да се најде баланс помеѓу самодовербата и ароганцијата. Кога си во втората половина на гридот, мора да си одличен за да зборуваат за тебе за да не те снема и никој да не те приметува.

Во таков болид, како што откри Валтери, никогаш нема да те снема. Сите забележуваат како возиш и си под будно око. Мислам дека има неверојатен талент и самодоверба да биде брз како Хамилтон. Тоа не треба да го плаши, Но сигурно нема да е лесно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ