Брандл смета дека Алонсо силно ќе ги притисне Алпин

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен коментатор и аналитичар на британски Скај, Мратин Брандл, очекува Фернандо Алонсо силно да ги притисне Астон Мартин кога ќе стане дел од нивниот тим догодина.

Алонсо на почетокот на неделава откри дека прави трансфер од Алин во Астон на крајот од оваа сезона потпишувајќи повеќегодишен договор со екипата од Силверстон на местото на Себастијан Фетел кој минатата недела најави повлекување од спортот. Трансферот на Нандо изненади многумина затоа што за време на тркачкиот викенд во Унгарија се најавуваше дека преговорите помеѓу него и француската фабричка екипа се одвиваат добро и се очекува наскоро да бидат завршени.

се чини дека алпин не можеме да му понудат на алонсо двегодишен договор како што му понудија астон мартин, кои потврдија повеќегодишна соработка. исто така многу често беше во сенка на естебан окон при нивните меѓусебни борби на трка, така што често се тркаше со колегата наместо со конкурентите – посочи брандл.

Во моментов тимот на Лоренс Строл силно инвестира во својата иднина, а од Алонсо очекуваат да иде движечка сила.

фернандо е моќен по природа на патеката и надвор од неа и сигурен сум дека многу силно ќе го притиска тимот. се сеќавам кога го интевјуирав во абу даби во 2018 година на гридот и беше убеден дека тоа беше навистина крајот на неговата формула 1 кариера, но сега се врати барем до 2024 година кога ќе има 43 години и 400 гормула 1 трки зад себе. неверојатно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ