Брандл: Чудна беше разделбата на Биното

Откако Биното одлучи да си замине од Ферари сеуште нема определено негова замена што е чудно за Мартин Брандл. 

Италијанскиот тим најави дека ќе ја прифати оставката на Биното кој помина четири години на чело на тимот. Нов кандидат сеуште нема и ќе помине време пред да се објави истиот. 

Брандл смета дека Ферари секогаш имале посебна позиција како тим од Италија. 

Се работи за целата држава не само Ферари. Тие го загубија техничкиот шеф и шефот на тимот и мора веднаш да му најдат замена и тоа е чудно. Но таква е природата на нештата. 

Брандл се пошегува дека таа работа би му одговарала но сепак смета дека тимот треба да најде некој кој нема да биде надгледуван од медиумите како што беше Биното. 

Тој мора да зборува италијански. Но тоа е порблемот, кога беа успешни го имаа французинот Тод, британецот Браун и јужноафриканецот Рори Брн. Можеби тоа е потребно и сега. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ