Браун: Верстапен е подготвен да го предизвика Хамилтон

Рос Браун верува дека Макс Верстапен сега е подготвен да го предизвика Луис Хамилтон за титулата, доколку возачот на Ред Бул има конкурентен болид.

2019 година беше најдобра за холанѓанецот до сега, откако тој победи на 3 трки во Австрија, Германија и Брзил, а исто така стигна до две пол позиции, први во неговата кариера.

Доколку Ред Бул ја одржат својата нагорна форма во нивното ново партнерство со Хонда за да ги предизвикаат Мерцедес и Ферари постојано, Браун нема сомнеж дека Верстапен ќе може да го предизвика Хамилтон.

Тој има само 22 години и нема сомнеж дека е во најдобра форма до сега. Тој е подготвен да го предизвика Хамилтон. Секако дека ќе му биде потребен добар болид, а тоа не беше случај на почетокот на сезоната. Соработката помеѓу Ред Бул и Хонда направи неколку чекори напред годинава. Тие сега постигнуваат резултати кои укажуваат дека може да се борат за титула во 2020 година.

Браун смета дека дел од подобрувањата на Верстапен се поради зрелоста, откако покажал смиреност во 2019 година.

Макс ја освои својата прва пол позиција во Формула 1 во Унгарија, втората во Бразил и стигна до 3 победи, вкупно 8 во кариерата.

Најважно, тој правеше помалку грешки, кои во минатото беа поради неговиот нетрпелив карактер. Тие моменти го чинеа многу во претходните сезони, но оваа година имаше многу помалку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ