Браун: Гласните мотори нема да ги избркаат спонзорите

Ред Бул сакаат новите мотори во Формула 1 да бидат побучни и спортот да се врати кон корените.

Тие сакаат Формула 1 да престане да ги користи тивките и економични турбо хибридни мотори за нешто повозбудливо. Кристијан Хорнер смета дека спортот треба да биде зелен, но сепак, фановите ги сакаат старите мотори. Тото Волф се плаши дека спонзорите нема да се среќни со ваква одлука. 

Американецот Зек Браун од Мекларен, човекот кој донесе многу спонзори во тимот, смета дека спонзорите нема да се среќни со предлогот на Ред Бул. 

Најважно е Формула 1 да биде одржлив спорт. Мора да се смислат повеќе начини да се дојде до спонзори и се додека Формула 1 е одржлив спорт има шанса за повеќе спонзори.

Доколку има мотор со внатрешно согорување на одржливи горива или електричен хибрид мислам дека е важно Формула 1 да го предводи развојот што е важен за светот и спортот. 

Браун се соменава дека мислењето на Волф е поради тоа што тој има фабрички тим и можеби тие имаат различно мислење. 

Тоа сигурно е мислење на фабрички тимови кои сакаат одржливост за да конкурираат на пазарот. Важни се партнерите, Мислам дека не се толку загрижени за продуктот кој го имаат.

Дали мислам дека партнерите и фановите треба да се исклучат од Формула 1 доколку имаат различно мислење за авто индустријата? Не мислам дека нешто ќе им смета. Потребни ни се фабрички тимови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ