Браун задоволен од потенцијалот на Шумахер

Рос Браун смета дека Мик Шумахер се покажал во добро светло на Португалското Гранд При откако бил подобриот возач во неговиот тим. 

Тој е задоволен од прикажаното на Шумахер кој ќе има тешка година во која треба да се привикне на Формула 1 во ионака тешкиот болид кој нема да биде развиван. Германецот ја заврши трката на 17та позиција од вкупно 19 болиди кои стигнаа до крајот. 

Јасно е дека Хаас немаат конкурентен болид и Мик Шумахер знае што го чека во неговата прва сезона. Притисокот врз Латифи му помогна да ја превземе неговата позиција. Тој покажа многу потенцијал – задоволен е оперативниот шеф на спортот.

Друг возач кој го привлече вниманието на Браун е Фернандо Алонсо кој заврши на осмата позиција. Двократниот шампион имаше силна завршница и беше веднаш зад неговиот колега Естебан Окон. 

Беше возбудливо да се гледа Фернандо Алонсо како се бори за поени. Со враќањето во Алпин се очекуваше тој да извлече се од болидот. Тој беше послаб од Естебан Окон, но ова е доказ дека се привикнува на болидот. Резултатот е голем чекор напред по две година надвор од Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ