Браун за О’Вард: Индикар титула му е најбрз пат до Ф1

Главниот извршен директор на Мекларен Рејсинг, американецот Зек Браун, смета дека најдобра шанса за неговиот Индикар возач, Пато О’Вард, да стигне до Формула 1 е да стане првак во најдобрата американска тркачка серија.

Мексиканецот уживаше одличен прв тест во Формула 1 лани по крајот на последната трка во Абу Даби, тест кој го доби како награда за својата прва победа во американската тркачка серија за тимот на Ероу Мекларен СП. Пато ја заврши сезонава на 3то место во Индикар и беше кандидат за насло се до последната трка, а победи во Тексас и во Детроит.

По тестот со Мекларен МЦЛ35М во Абу Даби, О’Вард откри дека има најмногу две години за да дојде во Формула 1 и ќе направи се да го оствари тој свој сон. Браун посочува дека Пато треба да остане фокусиран на Индикар и смета дека победа и освојување титула во таа серија може да го донесе многу блиску до Формула 1.

токму тоа му го кажав, најбрз начин да дојде до формула 1 е да го направи тоа што го напраивја хуан пабло монтоја, алекс занарди, жак вилнев или мајкл андрети, да победи и освои титула во индикар.

тоа е негова најголема и најдобра шанса да влезе во формула 1. тој е многу талентиран, одлична личност и мислам дека има се што му е потребно да биде врвен формула 1 возач. јасно е дека оваа тркачка серија е различна дисциплина, знае дека мора да учи многу и да почне од дното, но сигурен сум дека има капацитет за тоа.

мора да остане фокусиран на индикар во моменто, тоа ќе биде негов најдобар пат во формула 1 и сметам дека двете години кои самиот си ги постави се реални – посочи зек.

Споредбата со Монтоја е онаа која Браун сака особено да ја земе во предвид затоа што колумбиецот и О’Вард ќе возат за Мекларен на годинешното Индијанаполис 500 издание.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ