Браун: Мерцедес мораа да му наредат на Хамилтон што да прави

Рос Браун изјави дека тимот мора да биде тој кој ќе го има последниот збор, а не возачот кој управува со болидот. 

Мерцедес и Хамилтон имаа несогласување во моментот кога тие го повикаа да менува гуми додека тој сакаше да ја задржи позицијата на патеката. Тој неколку пати ја одби наредбата за на крај да влезе да промени и да загуби две позиции. Хамилтон во тој момент беше лут на Мерцедес и се посомнева во стратегијата на тимот. 

Рос Браун смета дека Мерцедес требале да го примораат Хамилтон да влезе во бокс. 

Тимовите носат тешки стратешки одлуки. Во вакви сценарија се цени расудувањето, искуството и чувството.

Видовме дека Луис покажа негодување. Во такви ситуации мора јасно да се каже дека тоа е вистинската одлука. Возачот се наоѓа во меур. Тие треба да му дадат информации бидејќи сите информации се наоѓаат кај нив.

Луис не сакаше да промени гуми иако тие се трошеа брзо и доколку заврнеше посилно ќе беше катастрофа за него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ