Браун најави: Подготвени сме за руска екипа

Спортскиот и оперативен шеф на Формула 1, Рос Браун, најави дека спортот е целосно подготвен за руска екипа во падокот.

Гласините дека постои заинтересираност од некои руски олигарси да формираат своја екипа кружи по медиумите веќе некое време, а и Министерот за трговија, Денис Мантуров, уште лани најави дека формирање на Формула 1 екипа не е далеку.

Основачот на СМП Банката, Борис Ротенберг, кој го поддржува Сергеј Сироткин го изјави следното:

дали сакаме да создадеме своја формула 1 екипа? мислам дека колку повеќе екипи постојат, толку се поголеми можностите за нашите возачи.

Браун потврди можност за екипа од Русија, но само откако кризата со корона вирусот ќе заврши.

ни треба период на стбилност по крајот на пандемијата затоа што сакаме да се осигураме дека новите правиал од 2022 година ќе бидат на место.

имаме одличен грид со десет постоечки и стабилни екипи така што не ни е приоритет и не е клучно да го зголемиме бројот на тимовите. сепак, новата економска клима во формула 1, ограничувањето на трошењето и рамномерната дистрибуција на приходите ја прават инвестицијата во формула 1 екипа многу атрактивна.

ако постои интерес од страна на руска екипа кој мислиме дека е издржлив, тогаш сме целосно отворени да ја истражиме таа опција – најави браун за RT.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ