Браун: Нема место за Магнусен со Мекларен во ИндиКар

Кевин Магнусен имаше една опција за 2021 година, но и таа веќе не постои, односно нема место за данецот во тимот на Мекларен во американски ИндиКар.

Данецот бара ново возачкот место за следната година откако доби вести, како и Роман Гросжан, дека ќе замине од Хаас Ф1. Веројатноста е дека Хаас ќе донесат двајца дебитанти со голема финансиска поддршка позади себе. Иако Магнусен истакна дека е подготвен за следниот чекор, изгледните шанси да најде возачко место веднаш се помалку веројатни.

Очигледна опција би била ИндиКар во која неговиот татко Јан, возеше на 11 трки во 1996 и 1999 година. Но, иако 28-годишниот Кевин има врски со Мекларен, за кои возеше во 2014 година, нова соработка со тимот во ИндиКар е негирана од Зек Браун.

Мислам дека Кевин е многу брз возач, многу агресивен, што одговара на стилот на возење во ИдниКар. Ние веќе го имаме нашиот возачки тандем. Еден од нив е потврден, Пато О’Вард, а другиот ќе биде објавен, така што нема простор за Кевин да се приклучи на нашиот тим. Доколку имаше, дефинитивно ќе го земевме во предвид – вели Браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ