Браун: Норис извозе подобро од очекуваното

Рос Браун ја коментираше одличната трка на Ландо Норис овој викенд на Ред Бул Ринг во Австрија. 

На квалификациите, тој беше веднаш зад пол позицијата стартувајќи од прв ред за прв пат откако е во Формула 1. На почетокот на трката тој успеваше да ги задржи возачите на Мерцедес зад него, но подоцна беше престасан од Луис Хамилтон и доби 5 секунди казна за борбата со Серхио Перез. 

Гледано на целиот викенд, Ландо е возач на денот. ТОј беше одличен на квалификациите и потоа на трката. Имаше тешка одлука за казната и тоа му наштети, Но сите сакаме промени кај казните и разговараме веќе подолго време.

не сакаме нерегулирана агресија на патеката. Да се најде балансот е тешко. Макс беше машина, но мислам дека Ландо извозе подобро од очекуваното. 

Браун го пофали и Џорџ Расел за неговите импресивни перформанси во Австрија и квалификувањето на 9та позиција.

Нема сомнение дека Џорџ е разочаран што повторно остана без поени, Но имаше доста силен викенд. Другиот Вилијамс се мачеше, но Џорџ беше одличен и на квалификациите и на трката. Јас сум импресиониран. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ