Браун обвинува: Најголемите екипи ја држат Ф1 како заложник

Главниот извршен директор на Мекалрен Рејсинг, Зек Браун, смета дека големите екипи ја држат тркачката серија како заложник со своите барања за зголемување на буџетското ограничување со цел да ја задржат својата предност која ја имаат.

Американецот откри дека најголемите екипи без престан лобираат да се зголеми буџетското  ограничување, а последен предлог е преку дозвола за поголемо трошење преизвикана од зголемениот ризик поради шест спринт квалификации кои треба да се одржат сезонава.

годинешниот лимит изнесува 140 милиони долари по сезона, а следната година ќе биде 5 милиони долари помалку согласно финансиските правила претходно презентирани и прифатени. сето тоа е одлична рамка за да се намали лудото трошење и да се намали предноста на најголемите и најсилние кои трошеа неколку пати повеќе од помалите.

мораме да продолжиме по зацртаниот пат на економска оджливост во спортот. некои екипи сеуште бараат начини и оправдувања да се зголеми лимитираниот буџет.

лобирањето се случува во моментов, а оправдување се спринт квалификациите односно евентуалната штета која тие би ја предизвикале. саботниот спринт се прави со цел да се додаде интересен сегмент за гледачите и да се зголеми допадливоста и секако фановите на формула 1.

но, екипите бараат зголемување на буџетското ограничување преку сума на пари, а постојат докази дека во текот на минатата сезона, штетите беа минимални, така што преку таквото барање сакаат да ја задржат компаративната предност.

моменталната раководна структура на спортот овозможува некои екипи да можат да ја штитат својата предност на различни начини и буквално да го држат спортот како заложник без при тоа да се има во предвид што е најдобро за фановите. овие екипи тешко прифаќаат дека се ограничува трошењето во најдобар интерес на спортот – посочи браун.

Секако дека Зек посочува на Мерцедес и Ред Бул кои ќе целат на зачувувањ на својата доминантна позиција во спортот.

Шефот на Мекларен се осврна и на желбата на најголемите моќници во тркачката серија да имаат свои Б екипи крај себе на гридот, односно помалите екипи да станат целосно зависни од нив.

правилата какви што се денеска се базирани на имање на Б екипи или мутериски екипи што не е во тек со Формула 1 принципот на натпревар помеѓу оригинални конструтктори кои се тркаат под еднакви услови. тоа го брише се она што треба да претставува формула 1 тимот.

на формула 1 и требаат 10 вистински конструктори кои освен сопствен мотор и менувач, би имале свој дизајн и производство на се што е останато. во моментов има многу различни бизнис модели кои се корстат и сите се обидуваат на свој начин да се прилагодат на сложените правила, а следењето на регулативата на тој начин станува многу тешко.

околината со ограничено трошење им дозволува на екипите да имаат поголем обем на сопствено производство со реален буџет без притоа да се загрижени за перформансите и разликите од нив согласно потрошувачката. во моментов ситуацијата е таква и не дозволува Б екипите да бидат многу конкурентени споредено со конструкторите, а А екипите имаат голема корист од нив.

без корегирање, а согласно начинот на кој се поставени работите, било која екипа може да има своја Б екипа, а тоа не е она што формула 1 треба да биде. дополнително, гласањето е диктирано од а екипите до б екипите, нешто што ни од далеку не промовира еднаквост во спортот.

како што реков, знам дека најголемите екипи тоа нема да го признаат, но имало моменти кога малите екипи оделе контра својата волја само за да ги задоволат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ