Браун: О’Вард во ИндиКар ме потсетува на млад Монтоја

Возачот на Мекларен Ароу СП, Пато О’Вард, неодамна се избори од 16то место на гридот за да ја постигне својата втора победа во сезоната на НТТ Индикар во Детроит, ставајќи го во конкуренција за шампионската титула.

Настапите на 22-годишникот привлекоа пофалби од целиот тркачки свет, а возачот на Ред Бул во Формула 1, Серхио Перез, смета дека неговиот сонародник има се што е потребно за да се трка со најдобрите возачи на светот.

Запрашан од Motorsport.com за победата на О’Вард во Детроит, шефот на Мекларен Рејсинг, Зек Браун ги повика луѓето да одат и да ја гледаат, велејќи:

Одамна не сум видел таква трка.

Браун го спореди О’Вард со двократниот победник во Индијанаполис 500, колумбиецот Хуан Пабло Монтоја, кој се тркаше за Мекларен во Форула 1 и се поврза со тимот на Ароу Мекларен СП за овогодинешниот Инди 500.

Тој многу ме потсетува на младиот Хуан Пабло Монтоја.

Тој имаше голема контрола, додека беше супер-агресивен И исто така, заслуга на Скот Диксон, Колтон Херта и Џозеф Њугарден, тоа беа момци со кои знаеше дека може да се трка чисто.

Беше одлично возење, Тој е огромен талент и Мислам дека тој е многу природно надарен. Тој може да бози болид како што го видов Монтоја на овали, што изгледа не го плаши.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ