Браун оптимист дека ќе има трки во Азија

Според спортскиот и оперативен шеф на Формула 1, Рос Браун, сеуште е можно спортот да има трки во Азија преку враќање на Големата награда на Малезија на Сепанг во овогодишниот ревидиран календар.

На крајот на минатата недела беше официјално потврдено дека спортот нема да има трки во Америка, а наместо тоа беа додадени Имола, Нирбургринг и Портимано, а повеќе од јасно е дека Бахреин и Абу Даби ќе го финализираат календарот.

По последнит емерки на Владата во Кина, тешко дека ќе има трка крај Шангај, а во последно време се поактуелна е и Малезија како и дебитантска трка во Виетнам кои би биле една по друга во календарот.

немаме ништо да кажеме околу малезија, се надеваме дека ќе има трки во азија, тоа е наша цел. ние сме флексибилни колку што можеме повеќе и како што ситуацијата се подобрува, така разгледуваме различни локации – најави рос браун.

Големата награда на Виетнам се чини има најголеми шанси за организација особено поради фактот што градската патека во Ханои беше изградена по желбите на ФОМ, прва од таков вид.

виетнам е особено возбудлив за нас затоа што е прва патека во која бевме директно вклучени во однос на дизајнирањето. им дадовме совет и работевме непосредно со херман тилке во дизајнирњето на патката за да се осигураме дека ќе има се што ни е потребно. многу сум возбуден за таа трка и се надевам дека ќе се случи.

Кинеската Влада на почеток на месецов најави дека ќе бидат откажани најголемиот дел од планираните меѓународни спортски настани, со што трката беше директно засегната. Сепакј, со додавање на Мелзија и Виетнам и две трки на Бахреин како и финале во Абу Даби, спортот би стигнал до таргетираните 18 настани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ