Браун очекува победи во 2025, титула во 2026

Помина доста време откако Мекларен последен пат се бореа за титула, но Главниот извршен директор, Зек Браун, верува дека ќе се вратат на врвот и тоа многу скоро.

Последниот конструкторски наслов во тимот дојде во 1998 година, додека последната победа дојде преку Даниел Рикардо на Монца во 2021 година, прв триумф од 2012 година за славниот тим од Вокинг. Следуваа тешки моменти за екпата, но Браун смета дека тие ги прават вистинските работи за да се вратат на победничките патеки.

ако ги анализираме работите кои треб да ги направиме за да се вратиме на врвот, прво ни требаат двајца одлични возачи, а тоа го имаме. потоа ни треба технологија, инфраструтура и модерна опрема, а до крајот на годината ќе го имаме и тоа.

разговравме многу за воздушниот тунел и симулаторот, производството и слични работи, а сето тоа е пред крај, нешто е веќе готово, така што технологијата ја имаме.

потоа тука се луѓето, а наскоро ќе имаме некои возбудливи новини на тој план. имаме фантастична екипа која со некои нови членови, кои патем ќе донесат свежи идеи, ќе биде уште посилна. нови луѓе ќе дојдат кај нас следните девет месеци, до крајот на годината ќе имаме целосно средена структура, така што се ќе биде подготено.

веќе работиме на следниот болид и нема да бидеме целосно подготвени да нападнеме на почетокот од следната година затоа што комплетираме се што е потребно во моментов – објасни американецот.

Кога се ќе биде средено, Браун предвидува дека следните неколку години тимот ќе се бори за титула.

наша цел е следната година да имаме сезона како во 2021 година со доста подиуми, пол позиции, победа. потоа од 2025 година очекуваме да имаме се што ни е потребно и доволно време, така што тогаш редовно ќе победуваме на трки.

штом почнеме да победуваме на трки ќе дојде новата ера на мотори кога очекуаме и да се бориме за титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ