Браун: Сеидл ја отстрани политиката од Мекларен

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, го пофали новиот тимски шеф, Андреа Сеидл за тоа што ја отстранил политиката од тимот од Вокинг за време на неговат апрва сезона шефување во екипата. Зек пристигна во Вокинг по ерата на Рон Денис.

кога пристигнав имаше многу “шефови во кујната“ и многу работи се случуваа во самата компанија и помеѓу самите акционери. немаше јасно водство на тимот, но сега се е во рацете на андреас кој прави одлична работа – го пофали браун својот пулен Сеидл во интервјуто за шпански АЅ.

Од мизерниот период минат со мотори на Хонда, Мекларен се вратија и сезонава се на 4то место во конструкторскито поредок веднаш зад големата тројак и пред фабричката екипа на Рено.

јасно е дек андреас не го изгради болидот затоа што тоа беше направено лани, но тој донесе чистина и лидерство во организацијата со поедноставна структура вклучувајќи го џејмс кеј и андреа стела кои имаат јасна слика што треба да се направи.

сеидл ја отстрани полтиката од тимот затоа што лидерската позиција носи политика со себе. потоа следуваше подобар развој на тркачкиот болид и многу други работи почнуваат да се скопуваат што е клучно за еден бизнис. ни треба да се заборавиме лошата среќа од минатото.

Сепак, поранешниот маркетинг експерт појасни дека следниот чекор, а тоа е да се стигне врвната тројка ќе биде уште потежок.

една од работите што неодамна ги направивме е подесување на нашите очекувања. мислевме дека штом го промениме моторот ќе дојдеме на врвот, а не беше така. првично моравме да се осигураме дека нема да назадуваме.

исто така сме свесни дека ограничувањето на трошењето ќе има голема улога во процесот на стигнување на водечката тројка. сеуште има време да стигнеме каде што сакаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ