Браун: Секогаш сум тука ако и требам на Ф1

Рос Браун откри дека секогаш со задоволство ќе помогне ако шефовите на Формула 1 го побараат тоа од него во иднина.

Довчерашниот оперативен директор за моторспорт на Формула 1, Рос Браун, заминува од функцијата на крајот од минатата година. Тој има блескава кариера како технички шеф на Ферари во доминацијата од пред 20 години и шампионска титула со својот Браун ГП тим во 2009 година, така што искуството му е огромно.

секако дека ќе го следам спортот, стефано доменикали ми е голем пријател и ако ме побара, јас секогаш ќе одговорам. ако можам да помогнам со што и да треба ќе бидам достапен без оглед на тоа колку време ќе ми одземе. ќе ми биде задоволство да погледнам, но само како совет, активна улога повеќе не е за мене – посочи британскиот инженер.

По долги години во спортот тој посочи дека ја гледа магијата на Гранд При тркањето, нешто што го нема во ниту еден друг спорт.

ова е прекрасен спорт и неверојатна комбинација на технологија и талентирани возачи. може да имате одлични возачи во слаби болиди или просечни воачи во одлични болиди кои ќе бидат во топ 3, така што е тешко да се победат.

овој спорт има периоди на доминација, но секогаш се појавува некој со неверојатен напредок и ја прекинува доминацијата. има одлична динамика, различни патеки одговараат на различни тимови.

се работи за поседбна тркачка серија која има страст која расне што особено ме радува поради резервираноста некое време.

Тој е презадоволен што го гледа растот на популарноста на тркачката серија поради одличната серија на Нетфликс и е сигурен дека тркачката серија добро ќе се грижи за своите фанови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ