Браун смета дека Фетел и Леклер треба да го следат примерот на Луис

Спортскиот шеф на Формула 1, Рос Браун, смета дека Шарл Леклер и Себастијан Фетел треба да го следат примерот на Луис Хамилтон, да бидат искрени во врска со своите грешки и да се извинат.

Тандемот на Ферари предизвика големи контроверзии со меѓусебниот судар кој го имаа при крајот на Бразилското Гранд При, по што ниту еден од нив не призна вина и не превзеде одговорност. За разлика од нив, Луис Хамилтон веднаш по крајот на трката дотрча да му се извини на Александер Албон за контактот, а не се појави нити на сослушувањето кај стјуардите по што автоматски значи дек прифаќа одговорност.

не сакам да размислувам за опција каде треба да се суди чија вина бил сударот, но на крајот на денот подобро е некој од нив да го следи примерот на хамилтон и да признае вина. шампионот веднаш го стори тоа со албон.

ако верари навистина сакаат да стават крај на доминацијата на мерцедес не само што им треба поконкурентен болид за следната година, туку мора и да се осигураат дека вакви инциденти нема да се повторуваат. формула 1 е тимски спорт, а посебно тоа важи во маранело – изјави рос по трката.

Британецот смета дека особено важно е тимскиот шеф, Матиа Биното, да ја разбере пораката затоа што тимот е пред било која поединка.

по тензијата на трките по летната пауза, сите тврдеа дека во “соблекувалната“ на ферари е лудило. сега матиа има тешка задача пред себе да ги врати работите во вистинска насока, така призна и по крајот на трката.

мора да им каже на возачите за нивната одговорност, а тие да го прифатат тоа. во маранело секогаш е клучно тимот да биде пред индивидуата, нешто што не беше случај во неделата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ