Браун: Успехот на спортот во САД не зависи од американски возач

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, не верува дека успехот на Формула 1 во Соединетите Американски Држави зависи од американски возач или екипа.

Во моментов спортот ужива во попупарноста во Соединетите Држави со три трки следната година откако ќе дебитира и Лас Вегас, а сезонава своја премиера имаше МАјами. Но, минаа 15 години откако американец имаше полно работно место во тркачката серија, а Ред Бул до скоро притискаа и бараа начни да го вдомат Колтон Херта на гридот и покрај тоа што немаше доволно поени на својата суперлиценца.

Зек Браун е сигуре ндека америакснки возач или екипа ќе биде одлично за Формула 1, но не и клучно за популарноста на серијата преку Атлантикот.

мислам дека ќе биде фантастично да има американски возач и американска екипа, тоа дополнително ќе го подобри спортот, но го немаме тоа денеска, а формула 1 станува се повеќе популарна во америка. така, сакам и тоа да се случи еден ден, но не мора да значи дека ќе биде така – посочи браун.

И покрај тоа што Колтон Херта е повеќекратен победник на Индикар трки, тоа не беше доволно ФИА според својот систем на поени да му додели доволно на суперлиценцата за да може да се трка во Формула 1.

Александер Роси, американецот кој пет пати се тркаше за Манор во 2015 година беше последен американец на гридот, но и тој беше критичен кон системот на ФИА, барајќи шанса за Херта.

Проблемите на Колтон да обезбеди место на гридот се скорешни, додека неговиот шеф, Мајкл Андрети, веќе некое време мака мачи да добие дозвола од ФИА да основа нов тим на гридот. Зек Браун секогаш давал поддршка за Андрети, но другите како него се ретки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ