Браун: Хамилтон го процени совршено последниот круг

Директорот за моторспорт во Формула 1, Рос Браун, вели дека способностите на Луис Хамилтон да го довлечка болидот до победа на Британското Гранд При се показател за неверојатно постигнување.

Хамилтон возеше кон убедлива победа на Силверстон кога откажа неговиот преден лев пневматик во последниот круг, што пак им се случи и на Ботас и на Саинз во претходниот круг. Хамилтон ја помина финиш линијата на три тркала со само 5 секунди предност пред Макс Верстапен.

Трката на Луис се до последниот круг изгледаше како прошетка низ парк. Не беше тоа, како што видовме, но сепак тој извозе супериорно целата трка. 

Сепак, да се потсетиме што постигна во последниот кргу. Без предна лева гума тој сепак помина низ Копс и Стоув со повеќе од 130 километри на час. Постигна брзина од 230 километри на час на правецот со само 3 тркала, како и десен преден пневматик кој брзо ќе откажеше исто така. Неверојатно.

Тој го процени последниот круг совршено за да победи со само неколку секунди предност и е брилијантен пример за неверојатниот талент и храброст на Луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ