Браун: Хамилтон и Шуми делат посебен талент

Како што Луис Хамилтон се доближува до рекордот на Михаел Шумахер, Рос Браун смета дека тоа што ги дели од останатите е нивната способност да извлечат нешто од ништо.

Минатата година Хамилтон стигна до шестата титула, со 17 подиуми на 21 трка, од кои 11 беа победи. Возачот на Мерцедес има една титула помалку од Шумахер. Браун не е изненаден бидејќи двајцата победувале кога шансите биле против нив.

Двајцата имаа огромен талент со тоа што го прават во болидот и имаат моменти кога извлекуваат нешто од ништо. Некои од квалификациските кругови на Луис не оставаат без коментар. Михаел беше ист, тие се возачи кои се способни за тоа.

Тие возеа различни болиди, во различни ери со различна конкуренција. Луис е неверојатно професионален, посветен, но Михаел беше интензивен околу детали кон болид, додека Луис не мора. Михаел победуваше во ера кога ваква технологија не постоеше. Анализа на податоците беше минимална. Сега возачот излегува од болидот, а инженерот веќе ја има анализата од секој свиок.

Кога прв пат работев со Михаел имавме лист со бројот на свиоците и тој мораше да објасни каде има подуправување, каде надуправување.

Има повеќемина кои сметаат дека Хамилтон стигна до шест титули само поради Мерцедес и нивниот агрегат. Мерцедес ја покажаа силата во 2014 година кога Ф1 премина кон турбо хибриди, по што освоија шест двојни последователни титули. Браун верува дека британецот го заслужува својот успех.

Луис го заслужи сето ова, тој ја заслужи секоја титула. Тој се постави себе си во вистинска екипа во вистинско време и е на врв на своите перформанси. Тој не прави грешки и е фантастичен возач, неговите перформанси се неверојатни.

Луис не победува поради среќа. Тој победува бидејќи врши фантастична работа и мора да му покажете почит.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ