Браун: 2021 е вистинско време за премин кон Мерцедес агрегати

Зек Браун вели дека била логична одлука за екипата да премине од Рено на Мерцедес агрегати од 2021 година, а истата беше донесена во период кој ќе им овозможи доволно време да се адаптираат.

Откако во Формула 1 ќе бидат воведени најголемите промени во правилата за 2021 година, Мекларен донесе одлука да прекина соработка со Рено по 2020 година и по три години со французите, да се вратат на Мерцедес, со кои последен пат имаа сорабтока помеѓу 1995 до 2014 година. Мекларен премина кон Хонда во 2015 година, но нивната соработка ги натера да преминат кон Рено во 2018 година. Во 2019 имаа голем напредок во перформанси, а Карлос Саинз и Ландо Норис и помогнаа на екипата да заврши на 4то место во пласманот.

Браун вели дека било одлучено порано да се вратат кон Мерцедес во 2021 година со цел да имаат можност да го дизајнираат болидот околу агрегатот на Мерцедес и се надева дека со новите правила ќе имаат значително поинакви болиди.

Сите ќе бидат во иста позиција, во однос на тоа дека 2021 ќе биде толкава промена од 2020 што сите ќе работат со празен лист, но ние одвај чекаме. Тоа е една од причините поради која ја донесовме одлуката порано, за да си дадеме доволно време.

Мислам дека 2021 ќе биде возбудлива за Формула 1 и за фановите бидејќи не очекува голема промена. Некои ќе донесат правилни одлуки, некои не. Возбуден сум за 2021 година, но возбуден сум и за 2020 секако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ