Браун: 2021 ќе ги истакне проблемите со ограничениот буџет

Извршниот директор на Мекларен Рејсинг, Зек Браун, вели дека буџетското ограничување нема да биде совршено во својата прва сезона и наместо тоа 2021 година ќе ги истакне проблемите.

Додека новата генерација на Формула 1 болиди е одложена до 2022 година, буџетското ограничување од 145 милиони долари по сезона е ставено “во игра“ за 2021 година, цифра што ќе продолжи да се намалува во наредните сезони.

Ограничувањето најмногу влијае над Мерцедес, Ферари и Ред Бул, трите најмоќни тимови на врвот на топ-листата на трошења во Формула 1, но Браун потврди дека Мекларен исто така морал да го скрати буџетот за да “падне“ во рамките на лимитот.

Претходно трошевме над границата, затоа направивме некои прилагодувања за да се спуштиме на границата.

Мислам дека Андреас и тимот имаат целосни ресурси да работат со максимумот, така што трошењето на тој максимум и трошењето кон вкупните перформанси е цел – најави зек.

Но, бидејќи 2021 година е прва сезона со ограничување на трошењето, Браун целосно очекува да се појават проблеми и имајќи го тоа на ум, тој смета дека ќе биде потребно време за да се реализираат вистинските цели на буџетската сума, да се создадат подобри услови за игра.

ФИА, тимовите и Формула 1 работат постојано на дефинирање и регулирање.

Сигурен сум дека ќе се учи во првата година и нема да биде совршено. Мислам дека ќе го направиме тоа правилно и ќе го постигнеме она што се надевавме дека ќе го постигнеме, а тоа е порамноправно поле за игра.

Мислам дека ќе има разлики, но ние ќе продолжиме понатаму. Ние сме убедени дека ограничувањето ќе го постигне за спортот она што се надевавме дека ќе го постигне, но сигурен сум дека ќе има учење во текот на целата година.

Мерцедес влегуваат во 2021 година како јасни фаворити за освојување на титулите кај возачи и конструктори и тоа осма сезона по ред, иако со регулативата што останува стабилна, Ред Бул се очекува да биде закана, особено сега кога Серхио Перез е покрај Макс Верстапен.

Мекларен во меѓувреме не посочи ниту една специфична позиција и наместо тоа едноставно се обидува да ја намали негативата кон Ред Бул и Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ