Бриаторе: Немам желба да се вратам во Рено

Фернандо Алонсо се враќа во Формула 1 наредната година, но неговиот долгогодишен менаџер, Флавио Бриаторе, нема да го направи истото. 

Доколку му требам на Фернандо, тука сум да помогнам. Немам желба да се вратам во Формула 1. Алонсо се враќа, но Бриаторе не – дециден е дон флавио.

Бриаторе мисли дека Нандо е сеуште мотивиран и ветува многу. 

Споредено со времето во Мекларен, тој има намалено пет килограми. Болидите се полесни за возење од пред неколку години и тоа го мотивира да остане во форма.

Две години е надвор од спортот. Времето во Мекларен беше шега и на крајот ние решивме да си заминеме иако ни беше понуден двегодишен договор. 

Италијанецот изјави дека и Астон Мартин бил опција за Алонсо. 

Тие имаат одличен болид да се борат со Ферари. Имаме одличен однос со Строл, но Рено е домот на Фернандо. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ