Бриаторе пред сензационално враќање во Ф1

Флавио Бриаторе е пред сензационално враќање во Формула 1 откако екстравагантниот 71-годишен италијанец го напушти спортот пред повеќе од 10 години по крашгејт скандалот, додека беше шеф на фабричкиот тим на Рено.

Најавите и шпекулациите се дека неговиот кам-бек нема да биде во ниту една екипа, туку дека тој е регрутиран од самата тркачка серија, лично од неговиот сонародник и Главен извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Откако Доменикали најави дека многу скоро ќе има убави и позитивни вести за иднината на Формула 1, него го дополни дон Флавио.

ново поглавје во формула 1 ќе започне. ќе донесеме забава и возбуда, радост и енергија која овој прекрасен спорт ја заслужува.

Се чини дека Бриаторе ќе има висока улога задолжена за забавата на Гранд При викендите, работат со спонзорите и познатите личности. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ