Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше на Силверстон, а тоа што беше единствен од топ 10 кој се квалификуваше на хард гуми се исплатеше … и тоа како.

Луис Хамилтон заврши на 2ро место и дојде до својот 155ти подиум, изедначувајќи се со Михаел Шумахер. Валтери Ботас победи последните два пати кога имаше пол позиција, но овој пат Мерцедес го зезнаа со стратегијата, Верстапен го мина на патеката, а исто така и Хамилтон.

Ферари не треба да се плаши за својата иднина со Шарл Леклер кој со очајниот СФ1000 повторно стигна до одличен резултат, 4то место иако црвените болиди имаа најлоши стартни позиции од 2014 година кога не успејаа да минат надвор од К1.

Прв пат откако Пирели се единствени снабдувачи со гуми во спортот немаше никој кој се реши трката да ја почне со нејмеката компонента. Но, тоа што Верстапен беше на гумите што најтешко се загреваат не беше проблем за него затоа што уште на самиот старт го мина Нико Хулкенберг кој почна од подобрата позиција од првиот ред, додека Хамилтон и Ботас се бореа за водство, кое Валтери го задржа.

Првиот круг покажа зошто Ферари повеќе не смета на Фетел, германецот не знае каде е и “сам себе се уби“ извртувајќи се недопрен од никого и продолжувајќи ја трката од последната позиција на гридот.

Алекс Албон се најде во гужва во средината од поредокот и своите медиум ги промени на хард уште во 6от круг, прв од првата десеторка. Во кругот број 11 промени и Ландо Норис и “падна“ од 7мо на 13то место.

Тринаесетиот круг беше моментот кога Валтери Ботас промени на хард и загуби 5 позиции, а круг по него истото го направи и истото му се случи и на неговиот колега. Во пресрет на промената во Мерцедес, на Верстапен му беше кажано да забави за да не ги прегрее гумите, но тој му врати на својот инженер дека нема шанса да ги пушти Мерцедес да “се одлепат“ и продолжи да прави притисок врз Луис.

Рејсинг Поинт променија на хард во 15от односно 19от круг, најорво Строл, а потоа и Хулкенберг во исти круг кога тоа го направи и ШАрл Леклер.

По излегувањето од боксот, Леклер кој беше на хард веднаш го нападна и го мина Ландо Норис, тогаш за 10то место во пласманот.

Три кругови подоцна во бокс по нови гуми беше и Карлос Саинз, но “малерот“ е насекаде окоу него годинава, имаше долго менување и излезе од поени на опашката од поредокот.

Лидерот Верстапен промени гуми дури во 26от круг излегувајќи зад Ботас, но не губеше време и веднаш нападна и му му ја превзема втората позиција која Валтери ја имаше 3 кривини.

Во 31от круг имаше некарактеристична грешка за Даниел Рикардо кој се изврте, веројатно поради прерано притискање на педалот за гас или страничен ветер. Австралијанецот се возеше во добри поени до тогаш, но грешката го чинеше многу.

Во кругот број 34 се случи паралелното менување на гуми на Верстапен и Ботас кои сменија на хард и му го препуштија водството на Хамилтон. Луис се мачеше 7 кругови, Верстапен не беше далеку од него по што во 41от круг промени и шампионот.

Хамилтон се врати на патеката на 4то место и неколку кругови се мачеше со Леклер пред да го мине, а на два круга пред крајот го мина и својто колега Ботас за второ место.

Единственото откажување се случи во 46от круг кога Кевин Магнусен се паркираше во гаражата.

Верстапен сензационално победи во голем стил со борба на патеката, а Луис дојде до рекорден подиум. Мерцедес со лоша стратегија го однесоа Ботас до 3то место, а Леклер беше феноменален за Ферари. Александер Албон во вториот болид на Ред Бул се изнапретекнува денеска и заврши на 5то место пред тандемот на Рејсинг Поинт, Строл пред Хулкенберг. Летири поени за 8мо место доби Естебан Окон и Рено, Ландо Норис освои 2 поени за своето 9то место, додека Даниил Квјат го освои својот втор бог сезонава.

Пјер Гасли беше брз цела трка, но ритамот му падна на крајот и финишираше на 11та позиција, пред Себастијан Фетел и Карлос Саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ