Британија: Хамилтон победник по драматична трка

По сударот со Макс Верстапен во првиот круг, одслужената казна од 10 секунди и нападот над Шарл Леклер, Луис Хамилтон стигна до 99та победа во својата кариера на Силверстон за Големата Награда на Британија, негова осма на патеката.

Трката по само еден круг беше прекината со црвено знаме поради контактот помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон, кои од самиот старт имаа дуели во секој свиок до Копс, каде при брзина од 300 километри на час дојде до контакт помеѓу двајцата возачи по кој Верстапен излета и удри силно во заштитната бариера со сила од 51Г. Верстапен излезе од болидот, но по проверка во медицинскиот центар крај патеката, холанѓанецот бил испратен до најблиската болница за понатамошни проверки.

За време на прекинот, по многуте комуникации помеѓу Кристијан Хорнер и Тото Волф со Мајкл Маси, на Хамилтон му беше доделена казна од 10 секунди, додека пак “расправијата“ помеѓу водечките во првиот круг ја искористи Шарл Леклер од Ферари, кој од четвртто стартно место, по одличниот старт и претекнување на Ботас, се најде на првата позиција.

До рестартот мораше да се почека поради отстранување на болидот на Макс Верстапен и поправки над заштитната ограда, но веднаш потоа возачите стартуваа од стоечки старт. Леклер успеа да ја задржи позицијата и да изгради предност. Леклеr изгради предност од 1,2 секунди на крајот од првиот круг и тој го задржа Хамилтон, кому му беше кажано да притисне.

Ферари го извести Леклер дека го префрла на „План Б“ , со едно влегување и долг стинт, додека Хамилтон се бореше да го стигне следејќи го нечистиот воздух. Но светскиот шампион успеа да го стигне возачот на Ферари до 20-от круг, откако Леклер претрпе серија „намалувања“ на моќноста на моторот.

Темпото на Леклер беше толку силно што Ферари го остави на патеката до 29-от круг, два круга откако Хамилтон ги промени своите пневматици.

Хамилтон возеше зад Норис по неговото долго запирање во бокс, но возачот на Мерцедес брзо го престигна Норис, кој не даде никаков отпор на својот сограѓанин и го претекна од внатрешната страна на Копс во 31 круг.

Во текот на следните 10 круга, додека Леклер успеа да го врати своето темпо, Хамилтон го стигна својот тимски колега Ботас, кому Мерцедес му нареди да не го задржува да го пушти во свиокот 15 во 40 круг.

Тоа го остави Леклер со водство од 7,6 секунди и да ги брани во последните 12 круга, додека Ферари му посочи целосно да притисне, бидејќи Хамилтон продолжи да ја намалува предноста.

Возачот на Мерцедес во секој круг намалуваше по една секунда, достигнувајќи го на нешто повеќе од три круга, кога Леклер се бореше со заостанатите болиди. Во 50-от круг, Хамилтон уште еднаш претекна во Копс, а Леклер очајно се обиде да се одбрани од надворешната страна.

Ботас заврши со 11 секунди заостанување на третото место, а Норис беше четврти пред Даниел Рикардо, кој се одбрани од Саинз на крајот.

Фернандо Алонсо беше уште еден возач кој претрпе бавен питстоп и на крајот заврши седми откако го помина Ленс Строл. Строл се пласираше на осмото место пред Естебан Окон, а Јуки Тсунода го освои последниот поен на 10-тото место.

Пјер Гасли заврши на 11-тото место пред Џорџ Расел. Кими Раиконен и Серхио Перез се судрија при крајот, но инцидентот ќе се истражува по трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ