Булие песимист: Јунската трка во Франција е неизвесна

Кина ја откажа трката, Бахреин ќе се вози без публика, Виетнам е пред откажување, а во Австралија секојдневно има проблеми, така што се поставува прашањето дали Европските трки ќе се одржат во продолжеие на сезоната.

Француски Пол Рикар треба во Јуни да биде домаќин на Формула 1, а во државата веќе има над 1.700 заразени со корона вирусот и кризата е голема. Ерик Булие кој од сезонава ја предводи организацијата, за Auto Hebdo изјави:

безбедноста и здравјето на гледачите и партнерите како и сите вклучени во формула 1 е приоритет.

забраната за големи јавни собири истекува во Април, но тука се и други информации во врска со ширењето на вирусот, а ништо не може да биде сигурно околу организација на Големата награда на Франција – најави булие.

Сепак, доколку трката биде откажана, тој најави дека оние кои платиле за карти ќе си ги добијат своите пари назад.

сеуште има многу време и се надеваме дека пандемијата до тогаш ќе биде ставена под контрола.

Тој не исклучува нити следење на рецептот на Бахреин каде трката ќе се вози без присуство на гледачи.

или ќе се тркаме без или со гледачи или трката ќе се одложи или откаже. како и да е ги уверувам гледачите дека тие е си ги добијат своите пари назад.

Ouest France ја пренесува следната изјава на Булие:

во секојдневен контакт сме со оние кои носат одлуки без разлика дали е тоа нашта влада, моторспорт федерацијата, фиа или формула 1 телата и органите. ќе видиме што ќе се случи кон средина на април во врска со организација на настани во франција и тогаш ќе можеме да направиме некои планови, но во моментов нема ништо дефинитинво..

во врска со трките кои се пред нашата на каледнарот формула 1 многу скоро ќе има изјава, веднаш по австралиското гранд при. ова е пандемија, но не е крај на светот, животот продолжува и мораме да осанеме позитивни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ