Валентино Роси би сакал да се трка со Норис

Легендата на МотоГП, Валентино Роси, вели дека изгледите за споделување болид со Формула 1 возачот на Мекларен, Ландо Норис, на автомобилска трка во иднина е фантастична.

Во четвртокот пред трката за Големата Награда на Бразил во Формула 1, Норис откри дека неодамна му испратил на Роси срдечна порака пред пензионирањето на деветкратниот светски шампион во МотоГП овој викенд во Валенсија.

Норис откри дека одржува редовен контакт со Роси, кој е личен херој на возачот на Мекларен и вели дека и двајцата разговарале за можноста да делат болид на трка во одреден момент во иднина по повлекувањето на Роси од МотоГП.

На прашањето од Motorsport.com што мисли за идејата да дели болид со Норис во иднина, Роси вели дека тоа би било големо задоволство за него.

Секогаш сум во контакт со Ландо бидејќи тој е мој фан од самиот почеток – изјави Роси за Motorsport.com.

Тој направи една посебна кацига како мојата во Монца. Го следам многу затоа што мислам дека е голем, голем талент, а исто така е многу млад, тој е смешен човек.

Следната година со повеќе време сакам да се обидам да видам една трка, една трка во Формула 1. За да се тркаме заедно следната година, за мене е фантастично бидејќи Ландо е многу брз.

Ќе се тркам со болидите, и ако можеме да направиме трка со Ландо за мене, тоа ќе биде големо, големо задоволство бидејќи тој е многу брз и можеме со сигурност да уживаме.

Роси ќе започне кариера по Мото ГП во GT трките, но допрва треба да одлучи за неговите планови за 2022 година и понатаму.

Зад себе италијанецот има и неколку излети и тестови во Светскиот шампионат во рели и во Формула 1 болид за Ферари и Мерцедес, Роси, исто така, учествуваше на трката за издржливост на Gulf 12 Hours GT во неколку наврати во Ферари на Кесел Рејсинг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ