Ванвал ќе изработат шест нови VW5 по цена од 2 милиони фунти

Шест нови Ванвал VW5 болиди со кои Стерлинг Мос и Тони Брукс ја освоија првата титула на конструктори во Формула 1 во 1958 година, ќе бидат произведени и продадени по цена од 2 милиони фунти по болид.

Основан од Тони Вандервел, тимот на Ванвал стана првата британска екипа која победила на домашното Пранд При, со Мос и Брукс во 1957 година, но престана да учествува во спортот по тешка сезона во 1961 година. Сега под името Ванвал Груп, шампионот и тркач со спортски глисери, Ијан Сандерсон, ги обезбеди правата над името во 2012 година од снабдувачот на автомобилски делови Мале.

Сега, оживувањето на брендот ќе биде преку шест нови VW5, изработени од реставраторот на историски тркачки автомобили, Hall and Hall, кои беа значително инволвирани при снимањето на филмот Rush.

Ванвал името е премногу важно за да исчезне во историјата. Приказната не е споделена со многумина, но тоа е одлична приказна за британска иновација и постигнување и покажува што се случува кога ќе се состави вистинската екипа.

По 62 година, мислам дека е правилно да се слави оваа одлична успешна приказна. Рекреирањето на шест од шампионските болиди е правилен начин да се покаже почит – вели Сандерсон.

Со шасија дизајнирана од шефот на Лотус, Колин Чепмен и аеродинамика од ко-основачот на Косфорт, Френк Костин, VW5 стигна од шест победи, 3 за Мос, 3 за Брукс во 1958 година. Ванвал е само една од две екипи кои освоиле максимални поени во Формула 1 сезона. Оригиналните болиди од 2.5 литарски мотор и 270 коњски сили, се дел од Донингтон Колекцијата, но сега ќе бидат рекреирани преку оригинални цртежи.

Пет од шесте нови болиди ќе бидат достапни за продажба на приватни лица по цена од 1.65 милиони фунти пред данок, а последниот примерок ќе служи како основа за формирање на Ванвал Историски Тркачки Тим. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ