Вандорн: Мерцедес има одлична тимска култура

Белгиецот Стофел Вандорн изјави дека културата во тимот Мерцедес е тоа што го прави доминантен во Формула 1 толку долг период. 

Поранешниот возач на Мекларен кој го изгуби своето место во тимот во 2018 година, потпиша за фабричката Мерцедес екипа во Формула Е тркачката серија и заврши на втората позиција оваа сезона.

Но, белгиецот е и резервен возач на Мерцедес и по работата со Формула 1 тимот сега знае зошто тој тим е толку силен. 

Имам добра идеа за тимот сега. Импресивно е колку се добри во тоа што го прават и како толку долго се на врвот. Тоа е група на луѓе што работат веќе 15 години заедно И воедно немаат многу промени во персоналот.

тоа што е важно дека не се плашат да направат грешки и да го признаат тоа. Сите работат на подобрувања и тоа е импресивно – откри стоф.

Вандорн има совршен пример за менталитетот на Мерцедес по тоа што се случи во Унгарија. 

Тие имаат лидер во секој домен. знаат како да го развиваат моторот и сите се гладни да одат напред. Сите бараат напредок и тоа се прави по долго време поминато заедно. НИшто не им недостасува. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ