Вандорн откри дека е целосно подготвен доколку треба да замени некого

Стофел Вандорн откри дека е многу подобро подготвен доколку се укаже потреба да замени некој на Формула 1 гридот одошто тоа било случај при неговиот влез во Формула 1.

Белгијанецот е резервист на Мерцедес, а договор за резервен возач со “сребрените“ имаат и Мекларен, така што тој е на готовс да влета како замена доколку се укаже потреба.

Сезонава Стоф ја комплетираше во електричната Формула Е тркачка серија, а поради обврските таму не беше во можност да го менува и Серхио Перез на двете трки во Силверстон, по што во комбинација “влета“ Нико Хулкенберг.

Формула 1 кариерата на Вандорн почна во 2016 година на Бахреинското Гранд При, втора трка таа сезона каде го менуваше повредениот Фернандо Алонсо и заврши на 10то место носејќи поен за екипата од Вокинг. Тогаш младиот белгиец изјави дека процедурите околу болидот ги учел во авион, на пат од Јапонија кон Бахреин, во сезона во која возеше во Супер Формула.

успеав тогаш да се тркам и да дојдам до 10то место без да имам голема подготовка, но сега сум далеку подобро подготвен доколку се појави потреба да велзам во болидот и да менувам некого.

не сум возел формула 1 болидт доста долго и сигурно дека на почетокот ќе ми биде чудно, но многу сум активен со работата која ја вршам за мерцедес во симулаторот и патувањето на трки. сигурен сум дека знам што треба да очекувам доколку добијам дозвола да возам.

ги познавам луѓето во мекларен затоа што неколку години работев кај нив и возев за нив така што не мислам дека ќе имам некој посебен проблем да се вклопам – смета вандорн.

Сепак, тој не посакува многу да вози затоа што негово седнување на болидот значи дека некој од редовните возачи има проблем и тоа сериозен.

не му посакувам на никој да се разболи за да јас добијам шанса да возам. во чудна позиција сум и никогаш не можам да знам кога ќе биде потребно да влезам во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ