Вандорн размислува да се врати во Формула 1

Поранешниот возач на Мекларен, белгиецот Стофел Вандорн, откри дека размислувал за враќање во Формула 1, но само со правилни околности. 

По крајот на своето Формула 1 патешествие, кое патем беше неуспешно, тој ја продолжи кариерата во електричната Формула Е тркачка серија.

Со нетрпение чекам да започнам да возам повторно. Прва фаза е возење во симулатор за Формула Е бидејќи не може да влезам во болидот поради откажаните трки.

Младиот возач веќе учествуваше на неколку виртуелни трки во својот домашен симулатор. 

Целосно е ралзично со карантинот и виртуелната околина веќе е понапредна. Има голема разлика бидејќи нема толку адреналин. Пробувате работи и ако не ви успее само стискате рестарт и пробувате повторно. Се тркаме со професионални возачи на виртуелни трки кои возат по 8 до 9 часа на ден и ги знаат сите детали на игрите. Трките против нив не се лесни – појасни белгиецот.

Сезонава во електричната тркачка серија Вандорн ја одработува за фабричката екипа на Мерцедес. 

За повеќе големи производители, Формула Е станува вистинска маркетинг платформа посебно со фокус на електрични возила. Шампионатот станува многу конкурентен и болидите се блиску до тие во Формула 1 што е многу интересно.

Подиум во Формула Е ми дава сатисфакција. Не ме сфаќајте погрешно. Сакам да сум во топ 10 во Формула 1, но тоа зависи од тоа за кој тим возам. Доколку сум петти со Мерцедес нема да сум задоволен. Во Формула Е не е така, само со одлична трка може да сте во топ 5. 

Вандорн признава дека би се вратил во Формула 1 доколку има шанса. 

Можеби во вистинско место и време, но доколку има шанса и има потреба би ја прифатил понудата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ