Вандорн ќе биде резервист на Мерцедес годинава

Лидерот во Формула Е првенството, Стофел Вандорн, ја доби улогата на официјален резервен возач за тимот на Мерцедес во 2020 година.

Тој вози за фабричкиот тим на германскиот производител во електричната тркачка серија, а своето место во Формула 1, поточно во Мекларен, го загуби на крајот на 2018 година кога наместо него и Алонсо дојдоа Саинз и Норис.

Тој ќе работи заедно со исто така поранешниот Формула 1 возач, Естебан Гутиерез, кој редовно е задолжен за работа во симулаторот на тимот, а кога ќе биде зафатен со Формула Е, ќе го “покрива“ мексиканецот.

Естебан Окон беше прва замена во Бракли лани, но тој потпиша двегодишен договор да се трка за фабричкиот тим на Рено годинава.

Формула Е трката во кинеска Санја е откажана поради корона вирусот така што остануваат само уште три настани на кои Вандорн поради тие обврски нема да може да биде присутен во Формула 1 падокот. Формула Е трката во Рим се поклопува со првото Гранд При во Виетнам, Е-При трката во Сеул е истиот викенд со Холандското Гранд При, додека Џакара се вози во исти ден со Баку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ