Вандорн ќе вози и ВЕЦ годинава

Формула Е фабричкиот возач на Мерцедес и резервист во Формула 1 тимот, белгиецот Стофел Вандорн, ќе одработи цела ВЕЦ сезонава годинав а британскиот тим ЈОТА.

Стофел кој се тркаше во ВЕЦ за СМП Рејсинг во 2019 година ќе стане колега со Шон Гелаел и Том Бломквист во едно од двете воила со кои ЈОТА ќе се трка во ендјуранс првенството. Сезоната од шест трки британците ќе ја одработат со Орека 07-Гибсонс возила.

ќе биде одлично оваа програма да се комбинира со Формула е сезоната оваа година и навистина сум нетрпелив да почнеме. да се биде во вец со јота е одлично затоа што тие се позната и почитувана екипа во супер конкурентна околина што е нешто во што сакам да учествувам.

да се тркаме заедно со шон и том ќе биде одлично затоа што тие се мои двајца пријатели од трките – појасни вандорн.

Во минатата сезона ЈОТА завршија на второ место зад Јунајтед Аутоспортс во ЛМП2 категоријата во ВЕЦ, а Дејвид Кларк, еден од сопствениците на тимот, појасни дека возачите се одличен приказ на амбициите на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ