Васур: Ауди ми рекоа дека не смеам да ги одбијам Ферари

Новиот тимски шеф на Ферари, Фредерик Васур, откри како Ауди го дале својот благослов за неговиот зимски трансфер во Маранело.

Французинот Васур доби задача да ја промени среќата на Ферари откако Скудерија заостана минатата сезона, а од рани фаворити за титулата, тие паднаа на второ место по поени, додека Шарл Леклер заврши со 146 поени заостанување од конечниот шампион Макс Верстапен.

Постојаните грешки и неуспеси за италијанската екипа ја чинеа шефовската позиција на Матиа Биното, а неговата оставка беше предадена по Големата Награда на Абу Даби и покрај гласините за неговата позиција кои беа демантирани неколку недели претходно.

Кога се префрли во Ферари, Васур остави тековен проект со Заубер, според кој Aлфa Ромео ќе си замине на крајот на годината пред претстојното партнерство со Ауди од 2026 година. Запрашан далипонудата на Ферари е премногу добра за да се одбие и покрај потезите што ги прави Заубер под негово раководство, Васур одговори:

Кога добив повик од Ферари, не го споделив со сите во светот, тоа беше моја сопствена дискусија со Џон Елкан.

Воопшто не го споделив со Ауди пред објавата.

Имав разговор со луѓе од Ауди и ми рекоа дека не можам да одбијам понуда од Ферари – откри фред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ