Васур во одбрана на стратегијата на Ферари

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, застана во одбрана на стратегијата на тимот од Монако и истата ја нарече соодветна и покрај фактот што Карлос Саинз беше незадоволен од истата.

Шпанецот беше повикан во 33от круг по нови гуми, еден круг откако тоа го направи Естебан Окон кого тој го следеше, но и покрај бавната промена во Алпин, Карлос не успе да го мине и сметаше дека тимот требало да биде трпелив затоа што имал добар ритам со стариот сет гуми.

што по ѓаволите? ова е точно тоа за кое зборував – бесен беше саинз.

не ми е гајле за хамилтон, ова е слаба стратегија – продолжи откако му бепе кажано дека целта е да се покрие луис зад него.

Подоцна тој продолжи да биде нервозен при својата комуникација преку тимското радио, иако по крајот на трката призна дека погрешил со темпераментот.

очигледно бев многу брз во кругот пред боксот откако влезе окон и знаев дека можам да комплетирам повеќе кругови со тој ритам и чист воздух пред себе. долго време менаџирав и кога ме викнаа да проенам гуми бев незадоволен затоа што не доив можност да го искористам сетот што го штедев.

Васур застана во одбрана на промената на гуми за која смета дека е правовремена затоа што тимот проценил дека Хамилтон демне од позадина.

мислам дека стратегијата беше добра затоа што не сакавме да загубиме позиција против хамилтон. позиционирањето на патеката е клучно за оваа трка и ќе беше подобро да го оставиме саинз на патеката, но во исто време и да не бевме под ризик од хамилтон зад нас, така што во тој момент одлуката беше правилна.

Саинз беше видно незадоволен од тоа што се приклучил на патеката зад Окон по што направи многу амбициозен обид за претекнување на шикатана при кој го скрши предното крило.

во одреден момент моравме да ги покриеме стратегиите на останатите за да не загубиме позиции иако секогаш е полесно да се одработи трката откако таа ќе заврши и да се донесат нови одлуки. но, во тие моменти бевме во ситуација да си ја браниме позицијата и го одбравме тој пат.

Втор пат сезоната Скудерија губи позиции при појавувањ на дожд во последната трегина од трката. Окон заедно со двата Мерцедеси влегоа по интермедиа гуми во 55от круг штом дожодот почна посилно да паѓа, а црвените болиди останаа круг повеќе, по што Карлос се изврте на Мирабо. Со таквио тразвој на настаните Шарл и Карлос “паднаа“ зад Хамилтон, а со двојната промена на гуми, Саинз загуби позиција и од Гасли, така што Ферари заврши на 6то и 8мо место соодветно.

Васур призна дека дека одлуката да се остане на дождот подолго била ризична, но тој пат го одбраиле и други екипи за да надоместат позиции.

не очекувавме да падне толку дожд и да треба да ставиме гуми за целосно мокра патека и планот беше со оваа стратегија да дојдеме до подиум. се коцкавме, ризикувавме и загубивме позиции, но тоа е.

знаеме многу добро дека ако сакаме да постигнеме нешто значително, мораме да ризикуваме и затоа јас не сум разочаран.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ