Васур: Драмата околу Бен Сулајем ќе исчезне штом започнат трките

Новиот тимски шеф на Ферари, Фредерик Васур, смета дека контроверзноста околу претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, ќе се смири откако ќе започне сезоната во Формула 1.

Бен Сулајем се најде во центарот на критиките во последните неколку недели, поради јавната расправија со носителите на комерцијалните права на Формула 1. Коментарите што ги даде за она што тој сметаше дека е надуена цена од 20 милијарди долари за спортот, според извештајот дека државниот фонд на Саудиска Арабија е подготвен да плати, не беа добри вести во Ф1.

Во писмото што правниот оддел на Ф1 го испрати до Бен Сулајем, тие рекоа дека е целосно погрешно ФИА да коментира за комерцијални прашања.

ФИА даде недвосмислени обврски дека нема да прави ништо за да ја наруши сопственоста, управувањето и/или искористувањето на тие права – се вели во писмото.

Сметаме дека тие коментари, дадени од официјалниот профил на социјалните мрежи на претседателот на ФИА, се мешаат во тие права на неприфатлив начин.

Бен Сулајем потоа се најде во центарот на две други прашања при што беше обвинет дека е длабоко непристоен и непрофесионален од Домот на Лордовите. Пол Скривен беше еден од 90те пратеници кои му пишаа на Бен Сулајем минатата година за да изразат загриженост за евиденцијата за човековите права во многу земји од Персискиот Залив каде што се трка Ф1. Тој беше длабоко вознемирен што Бен Сулајем не одговорил на нив, и дополнително беше загрижен за импликациите на забраната на ФИА на возачите да даваат политички изјави.

Зошто мислите дека можете да ги игнорирате парламентарците? – вели Скривен.

Дали мислите дека загриженоста покрената во врска со човековите права и политиките на ФИА треба да бидат над лупата? Ви пишавме со цел да ја искажеме загриженоста што е во јавен интерес и очекуваме отвореност и транспарентност од ФИА.

Потоа, англиски Times објави архивирани коментари од стара веб страница на Бен Сулајем, кои беа омаловажувачки за жените. Зборувајќи за работи што не му се допаѓаат, Бен Сулајем рекол:

Жените кои мислат дека се попаметни од мажите, се лажат себе.

ФИА одговори со соопштение во кое се наведува дека старите забелешки не ги претставуваат ставовите на Бен Сулајем.

Бранот негативни приказни околу Бен Сулајем предизвика сугестии дека може да има фракции со ФИА, или на високо ниво или меѓу националните моторспорт клубови, кои сакаат да се ослободат од него. Таквото сценарио може да предизвика некои политички превирања во текот на новата сезона во Ф1.

Сепак, новиот тимски шеф на Ферари, Васур, сугерира дека приказната за Бен Сулајем станала толку голема затоа што ништо друго не се случува и дека штом ќе започнат активностите на патеката, фокусот ќе се префрли на тоа.

Навистина сум убеден дека штом ќе ги поставиме болидите патеката, ова ќе исчезне – рече тој.

Сигурно ќе имаме дискусии, но како и секогаш, се надевам дека ќе можеме да останеме фокусирани на спортската страна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ