Васур загрижен: Немаме време за развој

Шефот на Алфа Ромео, Фредерик Васур, е свесен дека Формула 1 екипите ќе бидат елосно насочени во производство на делови за тркање штом отворат фабриките годинава, така што нема да има време да се развиваат нови.

Откако првите осум трки од календарот се одложија, а Либерти најавија 15-18 трки сезонава, јасно е дека штом тркачкиот циркус почне, распоредот ќе биде многу густ, а се заговараат и дводневни тркачки викенди.

штом задолжителното затворање на фабриките заврши, се враќаме и работиме за тековната сезона, но ако имаме 15 или 18 трки по ред, ни треба огромна залиха на деливи за сезоната која претстои.

ќе бидеме целосно посветени на производство и тешко и дека ќе се вратиме во фабриката помеѓу трките. 2020 година ќе биде многу поразлична и мислам дека во текот на сезоната нема да има голем развој на пакетите туку ќе имаме други предизвици пред нас – најави васур.

Тој верува дека во таква ситуација ќе биде тешко некоја екипа која на почетокот ќе биде послаба, д асе врати “во игра“ и да напредне.

ќе биде најдобро да имате силен болид од почетокот ако имаме 15-тина трки кои ќе се одвиваат брзо една по друга.

ќе биде тешко, не велам невозможно затоа што ништо не е невозможно, но по лош почеток на сезоната ќе биде претешко да се вратите затоа што ќе има малку време за било што. тоа е факт, но исто ќе биде за сите и нема зошто да се жалиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ