Васур најави подолго затворање на фабриките

Тринеделното актуелно затворање на фабриките кое е на сила може да биде продолжено, најави шефот на Алфа Ромео, Фредерик Васур.

Крузата со корона вирусот нема смален интензитет во Италија, ситуацијата е многу лоша, но Скудерија ФЕрари најавија можност дека на 14 Април ќе ја отворат својата фабрика во Маранело. Сепак, Фред најави дека швајцарската фабрика на екипата која тој ја раководи може да не ги следи италијанците.

во зависност од развојот на настаните во англија, италија и швајцарија ќе видиме каква ќе биде состојбата во периодот кој следи. можно е фабриките подолг период да останат затворени – прина васур за швајцарски Blick.

Французинот е свесен дека не е време да се дава приоритет на тркачката серија.

светот не се врти околу нас и во моментов ние не сме воопшто од корист на општествената криза. спортот треба да остане скромен и смирен и се додека луѓето се разболуваат не е правилно време да се тркаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ