Васур: Никој не знае колкава ќе биде кризата

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, смета дека никој не знае колкава ќе биде кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот во Формула 1 во екот на се почестите разговори за намалување и ограничување на трошењето во врвната моторспорт тркачка серија.

Веќе се одложени првите осум трки од календарот, а некои од нив нема да се појават нити во остатокот на сезоната. Нетркањето става огромен финансиски притисок над екипите, Либерти Медиа како сопственици на комерцијалните права за спортот од каде доаѓаат голем дел од парите.

Веќе се превземаа некои итни мерки, новите правила наместо следната година се одложени за година потоа, а задолжителната пауза наместо летоска ќе се отслужи во Март и Април.

проблемот е што никој не може да каже колку длабока ќе биде кризата во моментов, а никој не знае нити дали ќе бидеме во можност да почнеме да се тркаме во канада во јуни. тешко е точно да се разбере ситуацијата и изгледот на сезоната годинава, се мачиме да изградиме нешто и да имаме пристојна и прифатлива тркачка сезона.

на крајот е тешко за нас да замислиме каков ќе биде ударот по екипите. работиме на планови, имаме повеќе, речиси за сите букви од азбуката, но ништо не е сигурно на крајот, мораме да разбереме дела одлуките кои се носат од страна на властите се во моментов многу поважни затоа што тие мораат да ја менаџираат ситуацијата на тој начин – смета васур.

Мекларен веќе намалија многу од платите на најплатениот персонал, а голем дел од вработените се на принуден одмор до крајот на кризата. Францускиот шеф на Алфа Ромео смета дека кризата “ќе удри“ по сите екипи без разлика на нивната големина.

јас сум пред се фокусиран на ситуацијата во мојата екипа, а потоа може да размислувам како им е на другите, па и на големите фабрички екипи. не знам како е на друго место, но мислам дека сите сме во иста каша.

производителите на автомобили ја чувствуваат кризата, ред бул веројатно продава помалку пијалоци одошто лани затоа што сите барови се заторени, така што кризно е за сите, но мораме да направиме нешто. мораме да реагираме колективно, а не да правиме список кој е погоден или не, туку да најдеме решение. сите сме погодени и мораме да реагираме.

Тој откри дека неговата екипа веќе имала разговори со спонзорите и сите ја прифателите сериозноста и тежината на ситуацијата.

контактиравме со нашите спонзори и секако дека никој не е задоволен од сегашната ситуација. ова е моја работа, а тркањето е моја страст, а не седењето дома.

го сакам семејството, но не сакам шест месеци да седам дома, но на крајот мораме да ја разбереме ситуацијата. мислам дека и нашите спонзори ја менаџираат ситуацијата на свој начин исто како и ние. во контакт сме со нив и се обидуваме да ги информираме и да им ја објасниме ситуацијата и фактите што немаме календар и наскоро ќе биде се во ред кога пандемијата ќе се смири. но, сите во моментов сме “на слепо“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ