Васур откри: Правиме целосно нов болид

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, откри дека екипата прави цеосно нов болид за престојната тркачка сезона. Најголем број од тимовите открија дека годинешните болиди е бидат само еволуција на ланските поради тоа што правилата остануваат исти.

Алфа завршија на 8мо место во поредокот и поради тоа сметаат дека им треба нов пакет за да нападнат подобар пласман.

создаваме целосно нов болид, ќе видиме како ќе биде, но мислам дека имаме одлични темели за сезоната која следи. мораме да ја подобриме базата со тоа што ани го научивме и да разбереме што точно се слуи што во одреден дел од сезоната заостанавме – појасни францускиот шеф.

Откко долги години екипата од Хинвил го користеше симулаторот на Ферари во Маранело, медиумите неодамна пренесоа дека швајцарците почнале да градат сопствен симулатор во својата фабрика.

од средина на оваа година нашите возачи ќе може да почнат да работат на нашиот нов симулатор во хинвил – потврди фред за италијанска La Gazzetta dello Sport.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ