Васур: Промена на концептот ќе биде голема грешка

Ферари беа најблизок ривал на Ред Бул лани и дури беа посилни од нив на почетокот на сезоната, но годинава не е така.

Тимот од Маранело покажа одлични перформанси на квалификациите и е единствена екипа која успеа да му одземе пол позиција на Ред Бул, но на трка се драстично зад “биковите“. Мерцедес го претстави својот силно ревидиран В14 викендов во Монако, но Васур откри дека Ферари нема да менува толку.

се додека јас сум убеден дека можеме да го подобриме актуелниот болид, ќе биде погрешно во текот на сезоната целосно да се менува болидот. прво поради времето затоа што ако денеска решите да донесете нов болид во текот на годината, ќе го направите тоа во октомври, нема да биде побрзо, така што тоа е далеку од добро решение.

веќе го имаме следниот болид во воздушниот тунел и работиме на следниот проект, така што критично и опасно е да правиме обид да носиме нов болид во текот на сезоната, во овој момент.

не се работеи само за потенцијалот и новите делови, туку и начинот на кој работи болидот, на кој се оптимизираат перформансите. првата цел за нас не е само да додадеме потисна сила, туку да имаме констатен болид кој нема да варира во перформанси.

заедно со новините, имаме простор за подобрување на перформансите на пакетот со кој сега располагаме – појасни васур.

Французинот посочи и дека возачите претеруваат со жалбите дека СФ-23 е многу тежок пакет за возење.

секогаш мора да се остане мирен. ако болидот е тежок за возење, како тогаш се само десетинка зад верстапен. понекогаш е претерано да се скока по изјава од возачите на пет минути по квалификаиците.

јас совршено ја разбирам нивната фрустрација, но коментарите кои даваат еден до два часа подоцна се целосно различни. ако нешто не мачи тоа е секој круг, цела трка или на одредена кривина и работиме на начин како да го подобриме.

мислам дека имаме пристоен напредок иако е вистина дека во мајами бевме многу неконстантни, но  работиме на тоа, а првата серија на карлос во монако беше одлична. тоа значи дека треба да го разбереме болидот и да се вратиме посилни, не дека немае брзина и немаме ритам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ