Васур: Сакав да му купам куче водач на Кими

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, се пошегува дека сакал да му купи на Кими Раиконен куче водач по неговиот судар од првиот круг на Португалското Гранд При.

Раиконен возеше зад својот колега Џовинаци на крајот од првиот круг кога ненадејно удри во задниот дел од неговиот болид на главниот правец. Во тој момент, тој менувал некои сетинзи од управувачот како одговор на она што тимот преку радио гоп обарал од него и не забележал колку брзо му се приближува на колегата.

бев многу блиску да му купам куче водач на кими или стап. штеташто условите беа такви, мораше да направи брзо некои промени на управувачот и беше многу повеќе фокусиран на тоа одошто на колегата пред себе – изјави на шега васур.

Кими откри дека го пропуштил задолжителниот состанок по трката со тимот затоа што брзал да се врати дома, а Васур дообјасни.

тоа што се случи беше кими кој по трката веднаш дојде и прв се извини. може да му се случи на било кој и сигурно не беше намерно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ