Васур: Ферари има простор за подобрувања

Фред Васур, тимскиот шеф на Ферари, верува дека екипата сеуште може да го подобри болидот и покрај лошиот старт на сезоната. 

Ферари се на 4та позиција со само еден подиум во Баку и двајцата возачи имаат проблеми со издржливоста и со трошењето на гумите на болидот, но екипата ќе донесе надградби на сите наредни трки за да го оптимизира болидот. 

Мора да правиме надградби за подобрување на целиот болид. Целта е не само да се стави потисна сила туку и перформанси за кои имаме доволно потенцијал.

Вистина е дека Монако не е достојна трка на која може да се видат перформансите, Но работиме на повеќе области. Перформанси може да се добијат од суспензија или аеродинамика од различни причини и работиме на тоа – откри французинот.

Васур е сигурен дека може да дојдат до победа оваа сезона. 

Би рекол дека не се мачиме на квалификации, само треба да најдеме перформанси на трка и да се бориме за победа. Целосно сме фокусирани на тоа. носиме надградби да подобриме некои делови и да победиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ